
Уште тогаш, инспекциските органи на ЕУ утврдиле дека Велика Британија уплатила помалку пари во заедничкиот буџет отколку што треба бидејќи увезениот лук од Кина го пријавила како замрзнат а не како свеж, на кој се плаќа повисока стапка.
Во прашање се 15 милиони фунти кои Британија 6 години никако да ги плати.
Судскиот епилог Европската комисија го оправда со потребата за сите членки да важи истоветна даночна дисциплина а Британија потегот го оцени како драконски и осветољубив.
Само во 2006-та, земјата увезла 25.000 тони лук од Кина.