Во неверојатно краток рок тој имаше персонални семинари со кремот на американските извршни директори. Тој беше лично образуван од Стив Џобс, Закерберг, првите луѓе на Гугл, Микрософт, ДримВоркс, Зинга.
Во два долги разговора, Стив Џобс го растргна Месина за сите грешки што ги прави Белата куќа и му даде предлози што треба да се промени, како да се користи новата технологија на нови начини и дека мобилната технологија треба да биде центар на кампањата.
"Тој точно знаеше што, каде оди. Тој ми ги објасни виралните содржини и како нашиот персонал треба да работи со содржините, како да биде интересен," изјави Месина.
Во Дримворкс Стивен Спилберг потрошил 3 часа да му објасни на Месина како се лови вниманието на публиката и дал повеќе предлози што Обама треба да ги искористи пред изборите. Влијанието на Спилберг се гледа и во идејата за сајтот RomneyEconomics.com во кој се раскажува мрачната страна од кариерата на Ромни. По ова, на инсистирање на Спилберг, Месина имал предавање и од маркетинг тимот на Дримворкс.
Месина уште на претходните избори стана близок пријател со Ерик Шмит, тогашниот извршен претседател на Гугл. Оваа кампања Шмит повеќе не е на позицијата и повеќе работи со Месина, како негов личен "гуру."
Главен проблем овој пат ќе бидат парите. На претходните избори Обама трошеше 3 пати повеќе од Мекејн. Овој пат ќе биде различно
бидејќи богатите донатори и најголемиот дел од корпоративна Америка се на страна на Ромни, а и гласачите повеќе не се толку расположени да донираат за Обама.
На предлог на главната уредничка на Вог, Ана Винтур, Месина прифаќа дека производите со логото на Обама ќе станат добар извор на приходи. Тој се сретнал со Винтур и бил зашеметен од нејзината презентација колку пари на овој начин може да се соберат за кампањата.
Самиот Месина е свесен дека овој пат Обама нема да има предност како во 2008-ма.
"Ова е најважната работа што ќе ја направам во животов," му признал Месина на еден свој пријател.