Минатиот месец Обама потрошил 15 милиони долари повеќе отколку што успеал да собере (собрал 54 милиони долари а потрошил 69).
На страна маркетингот (34 милиони долари), најголем дел од парите Обама ги троши на големата организација - 631 вработен, од кои 300 се во централата во Чикаго. Во април, Обама за плати дал 2,5 милиони долари. Наспроти него Ромни потрошил 511.000 долари за 91 вработен. Во мај платниот список на Обама се зголемил на2,6 милиони долари.
Според републиканските аналитичари (конкретно Карл Ров, главниот идеолог на Буш помладиот), Обама од мај до почеток на јули ќе потроши 58 милиони долари на реклами, и ќе има уште 10 милиони долари во реклами од неговите симпатизери. Додека на другата страна е сосема спротивно, Ромни ќе потроши 15 милиони долари на реклами, а неговите конзервативни сојузници ќе дадат уште 51 милиони долари.