Најдобриот совет од милионерот бездомник

Кармејн Гало, консултантот за комуникации на Епл, објаснува како една реченица од бездомникот кој стана милионер комплетно му го има променето животот и професијата.

Работејќи хонорарно како новинар, во 2007-ма Гало добива шанса да го интервјуира Крис Гарднер (човекот кој Вил Смит го глумеше во филмот "The Pursuit of Happyness") за неговиот пат од бездомник до милионер, за тоа како ноќевал со син му во тоалет во метрото во Сан Франциско, за тоа како на "стари" години учел за брокер и слично.

Едно од прашањата на Гало било: "Како најде сила и дух да продолжиш понатаму?"

"Кармејн еве ја тајната на успехот: најди нешто што го сакаш толку многу што не можеш да дочекаш сонцето да изгрее за повторно да почнеш да го правиш," одговорил Гарднер.

Ова е периодот кога Гало почнува да работи како потпретседател на една глобална ПР компанија, во која добива одлична плата и стабилна позиција. Кратко време по интервјуто, тој решава позицијата да ја замени со отворање на сопствен старт-ап.

Минатата недела Гало беше гостин на престижна конференција за книги во Њујорк, каде потпишуваше копии на неговата 6-та книга. Кога не пишува книги, тој е "тренер за комуникации" на некои од најпознатите светски брендови, како Пепси, Мател, Дизни, ИБМ, МСНБЦ, Интел и други.

15 јуни 2012 - 15:56