Најголем (ама убедливо најголем) дел од ѓубрето, со вкупно 46%, е од органскиот отпад, кој во најголем дел е храна. Далеку зад него на второ место е хартијата со 17%, па пластиката со 10%. На стакло и метал отпаѓаат 5, односно 4 проценти од светското ѓубре. Останатите 18% се на останато.
Најголеми загадувачи се државите од ОЕСР (богатите) кои произведуваат 44% од светското ѓубре, а најмалку ѓубре има од Африка и Јужна Азија (по 5%).
Просечниот жител на една развиена земја произведува 1,179 килограми ѓубре на ден. Или, еден просечен човек од 85 килограми, ќе произведе ѓубре колку што е тежок за само 72 дена.
Најголемиот дел од ѓубрето се фрла на депонии (околу 59% и кај богатите и кај сиромашните земји). На второ место кај богатите како начин за решавање на проблемот се ѓубриштата, кои кај сиромашните се на трето место. Разликата меѓу депонија и ѓубриште е во тоа што депонијата е направена по стандарди кои не дозволуваат загадување на околината, додека ѓубриштето е токму тоа - куп ѓубре.
Веројатно најпоразително во целата работа е што кај сиромашните држави дури 0% од ѓубрето се рециклира, кај богатите ова е цел 1%.