Законот изгласан на 14-ти јуни предвидува казни од 1 година затвор или глоба од 21.000 долари, за секој што ќе ги сквернави државните симболи.
На законот му претходеше еден инцидент во Кувајт, кога на доделувањето медали на Арапското првенство во стрелање, наместо официјалната химна на Казахстан, беше пуштена Борат верзијата. Пред тоа, на отворањето на еден фестивал на скијање во Северен Казахстан, химната беше заменета со "Livin'la Vida Loca" од Рики Мартин.
За да не биде после "не ни рековте," казахстанските власти уште од сега ја предупредија олимписката федерација на земјата, да провери која верзија на химната ја имаат испратено до организаторот на Лондон 2012-та.
Освен ова и олимпијците на Казахстан, добија задача да ги научат зборовите на химната, во случај да треба да добијат некоја медала на Олимпијадата. Сепак, не се предвидени казни за спортистите кои нема да ги знаат стиховите.