Свет

Кравата што ќе "игра" за Германците

Ако нешто научија Германците од минатиот Мундијал, е дека кога и онака на крај ќе сакаш да го изедеш тој што ти предвидува, гледај тоа да биде крава а не октопод.

Зошто еврото е скроз готово

Ако го свртиш глобусот на светот и по случаен избор одбереш 12 кои било земји, ќе добиеш Унија која има повеќе монетарна смисла отколку евро зоната.

Има ли гориво на аеродромот

Откако за прв пат во постоењето аеродромот во Манчестер снема гориво за авионите, излезе дека и не било така тешко тоа да се случи.

Брејвик по помош од своите

Работите на судењето на масовниот убиец стојат вака: во одбрана на Брејвик ќе сведочат радикални анти-муслимани кои на судот треба да му покажат колку сите тие се нормални.

Принцезата што не сакаше фактури

Без разлика дали си принцеза и дали имаш дипломатски пасош, повторно важи правилото дека мора да ја платиш сметката за хотел, посебно ако сметката е 7,4 милиони долари.

Сорос: ЕУ ќе стане "Германска империја"

Иако пред некој ден на ЕУ ѝ даде фора од три месеци да го спаси еврото, Џорџ Сорос сега прогнозира дека Унијата ќе биде спасена но претворена во империја на Германија.

Ништо не е труло во државата Данска

Данците и не се некои светски шампиони во финансии, ама она што го имаат совладано подобро од кого било се - хипотеките, и така е веќе едно 200 години.

Пасијансот ќе му пресуди на Брејвик?

Норвешките весници фатија еден од судиите во случајот против Брејвик како за време на судењето брка многу поважни работи од масакрот за кој што се суди.

Сè е така болно

Цел свет се ужасна од онаа сторија од Мајами за дрогираниот ѕвер што 16 минути го џвакаше лицето на бездомникот. Можете да замислите каков хорор е тоа за самите жители на Мајами. Е, некој лудак решил да се зеза со нив токму на таа тема.

Кешот на претседателот

Следејќи го најстарото правило за соопштување на лоши вести, Мит Ромни по долги години криење на имотната состојба, во петокот по 17 часот, ја објави својата даночна пријава.

Лондон ќе го буди Франкенштајн

Церемонијата за отворањето на Лондон 2012 е инспирирана од Кралицата на Англија (нормално), од Џемс Бонд (нормално) и од Франкенштајн (???).

Франција надвор од дома

Шестиот по големина француски град на светот почнува на "Л" завршува на "н" а помеѓу е "ондо." И воопшто не се наоѓа во Франција.

Среќна матура од 5 милијарди долари

Година и пол буџет на Македонија сезонава ќе биде потрошен на поклони за матурски и дипломски низ САД.

Брејвик со исти проблеми како средношколка

Брејвик, човекот кој од силни принципи уби десетици деца, на времето бил прилично несигурен за својот "натчовечки" изглед, заради што направил пластична операција за да изгледа по ариевски.

Стечајно сидро

Три марокански бродови се запленети и укотвени на пристаништето во Сет, Франција. Веќе 5 месеци. Со 200 морнари во нив, кои не смеат да мрднат.

Германците би ја измарширале Грција

До пред некое време Германците беа речиси еднакво поделени во врска со "спасувањето" на Грција. Сега едната страна почна да доминира, онаа што нема проблем да плаќа во драхми на летниот одмор.

Брендовска битка за претседател

Од април 2011-та до април 2012-та Обама и Ромни имаат потрошено 109 односно 91 милион долари. И тука како и во кампањата комплетно се разликуваат, од тоа кој им е мобилен оператор, до продавницата за хефталици.

Британската влада врие од милионери

Дејвид Камерон вреди речиси 4 милиони фунти, но и покрај тоа, тој не е најбогатиот член на британската Влада.

Пјонгјанг не прашува два пати

Во најразлични сообраќајни несреќи загинале околу 30 функционери на Северна Кореја, задолжени за преговори со југот, објавува Амнести Интернешнл.

Кина го возвраќа ударот

Наместо да се правда и објаснува, на овогодинешниот извештај за состојбата на човековите права на Стејт Депарментот, Кина возврати со свој извештај за човековите права во САД.

И Грците ќе дремат на граница?

Британија на големо се подготвува во случај да треба повторно да почне да им ги проверува пасошите на Грците и да им бара визи за влез во земјата.

Берлускони се пали на Обама?

На една од забавите, Берлускони како подарок од гостите добил црнa танчарка. Премиерот и за неа имал подготвена кореографија.

Максимум од 2 муви

Кинезите решија сериозно да ги зачистат јавните толети во Пекинг, воведувајќи нов максимум на нечистотија од 2 муви по тоалет.

Италија во лов на Ферарија

Низ цела Италија полицијата на големо застанува возачи на Ферари и Ламброџини, ама не заради возењето, туку да провери дали имаат платено данок.