Се вика Ивон, и уште минатата година ја купи едно австриско стопанство кое од неа очекува да ги предвидува резултатите на германската репрезентација за време на Еуро 2012.
Предвидувањето се сведува на тоа од која чинија ќе одбере Ивон да појадува, дали од таа со германското знаме или противничката. Првиот тест за Ивон е натпреварот во сабота кога ќе треба да одбере меѓу Германија и Португалија.
Ивон минатата година се прослави во германските медиуми, кога Билд даде награда од 10.000 евра на оној што ќе ја фати жива. Претходно властите дозволија таа да биде застрелана заради проблемите што ги правеше на локалните автопати.
Во 2010-та судбината на германската фудбалска репрезентација беше одредена од октоподот Пол, кој го погоди победникот на 7 од вкупно 7 натпревари на Германците. Кога погоди дека Германија ќе биде поразена во четвртина финалето, газдата на Пол доби десетици понуди да го даде Пол за на скара.