Зошто еврото е скроз готово

Ако го свртиш глобусот на светот и по случаен избор одбереш 12 кои било земји, ќе добиеш Унија која има повеќе монетарна смисла отколку евро зоната.


Аналитичарот на JP Morgan, Мајк Кембале, пресметал дека главните држави што ја сочинуваат евро-зоната се поразлични меѓу себе отколку група составена од случајно одбрани држави.

Споредувајќи над 100 фактори што се мерат во Извештајот за глобална компетитивност (изработен од Светскиот економски форум), аналитичарот дошол до заклучок дека Европската унија има најмалку логика од монетарен аспект.

Меѓу групите кои имаат повеќе монетарна логика од ЕУ се: поранешниот Советски сојуз, унија на сите земји што почнуваат на буквата "M" (тука влегуваме), унија на сите земји што се на 5-та паралела северна географска ширина, повторно оформената Отоманска империја (и тука влегуваме заради минат труд), сите држави од англиско говорно подрачје од источна и северна Африка, Централна Америка, унија на Северна Европа вклучително и Скандинавија.

САД не може да се споредува со ситуацијата во Унијата, заради поинаквите механизми што таму владеат. Ако една сојузна држава има лоша година, Вашингтон не расправа дали треба да и се помогне на таа држава и дали таа треба да спроведе нова монетарна политика, туку едноставно продолжува да ги плаќа сметките за проблематичната сојузна држава.

Токму ваков систем е она што Грците го бараат а Германците сакаат да го избегнат за да не останат вечно плаќачи на туѓи долгови.

7 јуни 2012 - 13:57