Причина за недостатокот на гориво е можниот проблем со "квалитетот на керозинот" во рафинеријата Стенлоу, заради што е прекината и испораката на нафта до аеродромот.
Рафинеријата е директно поврзана со нафтовод до аеродромот, преку кој се пумпаат по 250.000 литри гориво за еден час.
Заради проблемот најверојатно ќе бидат откажани околу 150 летови, пишува Телеграф, според кој Манчестер е третиот по големина аеродром во Британија по бројот на патници.
Откако ќе биде разрешен проблемот во рафинеријата ќе бидат потребни веројатно уште 8 часа, за да се наполни дневната резерва со гориво на аеродромот.
"Аеродромот во Манчестер користи 3 милиони литри гориво на ден. Просечната цистерна може да носи околу 38.000 литри. Би биле потребни 79 цистерни за да се обезбеди потребната залиха за 24 часа," ги објаснува новинарот на Гардијан причините зошто властите не го решиле проблемот со цистерни.