Среќна матура од 5 милијарди долари

Година и пол буџет на Македонија сезонава ќе биде потрошен на поклони за матурски и дипломски низ САД.

Вкупната сметка за поклоните за диплома изнесува над 4,7 милијарди долари, проценува американската Национална федерација на продавачи на мало.

Околу 58% од испитаниците изјавиле дека ќе подаруваат чекови или кеш, додека 40% ќе подарат сертификат за поклон. По бројките на Федерацијата, роднините / пријателите не биле вака дарежливи од 2007-ма.

И понатаму најдарежливи ќе бидат родителите. Лицата на возраст од 45 до 54 години во просек подаруваат по 110 долари.

Во исто време, сајтот кој го мери националниот долг од студентски кредити, го проценува вкупниот долг на повеќе од еден трилион долари, кој расте со стапка од 2,853 долари во секунда.

29 мај 2012 - 19:13