Новите правила воведени од градската администрација, поставуваат стандарди и за смрдеата, за чистењето на кантите за ѓубре и за бројот на отпадоци на кој било јавен простор.
Стандардите ќе ги регулираат и знаците во тоалетите, кои треба да бидат напишани на кинески и англиски, а во ред ќе бидат доведени и рекламите кои не смеат да бидат премногу нападни.
Властите на Пекинг објаснуваат дека цел на правилникот е да се стандардизира одржувањето на тоалетите во парковите, железничките станици, болниците и трговските центри.