На економскиот самит во Тренто, Италија, мултимилијардерот Џорџ Сорс процени дека монетарната унија ќе биде одржана во живот но дека тоа ќе повлече сериозни разместувања на политичката моќ.
Според него, преживувањето на еврото ќе му донесе пролонгирана економска депресија на европскиот југ додека северот ќе остане економски стабилен.
Тоа значи дека Грција, Шпанија и Италија на неодредено време ќе бидат зависни од постојани финансиски инекции од своите побогати европски партнери што во политичка смисла ќе ги претвори во провинција.
"Тоа ќе биде германска империја со свои истурени периферии," ја опиша Сорос Унијата по справувањето со кризата.
Тој смета дека иднината на ЕУ е целосно во рацете на Германија и дека таа земја ќе стори сè што е потребно за да го спаси еврото, но ништо повеќе од тоа.