Мит и неговата сопруга Ан, заедно се проценети на помеѓу 190 и 250 милиони долари. На ова треба да се додаде и фондот од 100 милиони долари, кои ги чуваат за нивните пет синови.
Документите покажуваат дека најголемиот дел од парите на Ромни се од најразлични инвестиции, но му се исплатело да биде и претседателски кандидат, па така само за 4 говори кои ги држел во 2011-та, добил 189 илјади долари.
Од неговата книга, No Apology, Ромни заработил меѓу 50 и 100 илјади долари.
Со овие пари, доколку победи на изборите Ромни би бил 4-от најбогат претседател во историјата на САД.
На прво место неспорно е првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон, чие богатсво во денешни пари Форбс го проценува на 500 милиони долари. На второ е Херберт Хувер, а на трето е Томас Џеферсон.
За споредба, Барак и Мишел пријавиле заедничко богатсво од околу 11 милиони долари.
Даночната пријава на Ромни: