Берлускони се пали на Обама?

На една од забавите, Берлускони како подарок од гостите добил црнa танчарка. Премиерот и за неа имал подготвена кореографија.

Маристел Гарсиа Поланко

Доминиканската танчарка Маристел Гарсиа Поланко, признала пред судот, дека поранешниот италијански премиер побарал таа да биде облечена во "бурлеска верзија" на Барак Обама и да танцува наоколу.

Членката на женската танчерска група Muñecas con Clase (Кукли со класа) изјавила пред судот дека таа исто така се облекувала и како распуштеничка верзија на главната обвинителка на судењето Илда Бокасини.

"Се облекував како Бокасини во тога, за да го засмејувам а исто се облекував и како Обама," изјавила 28-годишната танчарка.

обвинителката Илда Бокасини

Берлускони е обвинет дека и плаќал за секс на малолетната проститутка Карима ел Маруг, и дека во 2010-та ја искористил својата власт за да ја ослободи од затвор. Тој тврди, дека забавите биле "елегантни вечери" кои вклучувале "бурлеска."

И Поланко го потврдила ова, изјавувајќи дека станувало збор за "невина забава," и дека немало ништо порнографско.

Muñecas con Clase (танчерската група на Поланко):

26 мај 2012 - 15:01