Брејвик им објаснил на пријателите дека операцијата на носот ја направил откако бил удрен од Пакистанец, но неговите пријатели не се сеќаваат на таков инцидент.
Еден од пријателите, кој инаку работи како пожарникар кој помагал во расчистувањето по експлозијата во Осло, сведочел дека Брејвик постојано користел пудра на лицето и бил загрижен како му изгледала косата.
Четворицата поранешни пријатели, кои сведочеле пред судот во случајот против убиецот, изјавиле дека Брејвик се преокупирал со имиграцијата по 2006-та и дека почнал сите норвешки политичари да ги нарекува "мултикултуралисти" и немал никакво разбирање за нивните гледишта.