Британската влада врие од милионери

Дејвид Камерон вреди речиси 4 милиони фунти, но и покрај тоа, тој не е најбогатиот член на британската Влада.

Британскиот кабинет е проценет на 70 милиони фунти, а две третини од кабинетот - 18 од 29 министри - се милионери, покажала анализата на консултантската компанија Wealth-X.

Најбогат меѓу министрите е Lord Strathclyde, чие богатство се проценува на 9,6 милиони фунти, од кои најголемиот дел се од наследство. По него е Министерот за Одбрана Филип Хамонд, со богатство од 8,2 милиони фунти. На трето место се министерот за надворешни работи Вилијам Хаг и министерот за култура, Џереми Хант со по 4,8 милиони фунти.

Премиерот Камерон е проценет на 3,8 милиони фунти, од кои 190.000 фунти се од сегашни и претходни плати. Неговото богатство делумно сам го има создадено а делумно е "од имот и најверојатно е финансирано од родителите / наследство."

Куќата на Камерон во Северен Кенсингтон е проценета на 2,7 милиони фунти, а неговиот дом во Оксфордшир е околу 960.000 фунти.

Анализата предвидува дека заедничката вредност на господин и госпоѓа Камерон сериозно ќе порасне во следите години, кога се проценува дека ќе наследат околу 25,3 милиони фунти.

28 мај 2012 - 15:09