Во истражувањето на ZDF 60% од испитаниците изјавиле дека се за излегување на Грција од Еврозоната, а мнозинството Германци се и против издавањето на евро-обврзници, кои треба да го неутрализираат долгот на Грција. Идејата зад овие обврзници е дека долгорочно ќе ги спаси Грците, но дека ќе бараат подлабока интеграција меѓу земјите на Унијата.
Во ноември 2011-та, само 49% од испитаниците беа за излегување на Грците од Еврото.
Една од причините за строгоста на Германците е што тие чувствуваат дека направиле жртва пред цела деценија. Кога сите мислеа дека тие се луди, Германците во најголемиот економски бум ги намалија трошоците за плати и слично, за да бидат по конкурентни со Кина. Во меѓувреме, платите во Ирска и Шпанија на пример се пораснати за 30-40 проценти.
Сега Германците имаат проблем како да си објаснат сами на себе дека треба да им помагаат на некои други луѓе и да им ги дадат добродетите што тие мораа да им ги ускратат на сопствениот народ.