Откако се почести се варијантите во кои Грција ќе се спаси само со излез од Евро зоната, британското МВР, почна да ти разгледува итните мерки за контрола на имиграцијата.
"Британската влада веќе ги разгледува 'трендовите' за да утврди дали имиграцијата од проблематичните европски земји бележи раст. Иако се уште нема раст, тешко е да се предвиди како целата ситуација ќе се развие во иднина," изјавила министерката Тереза Меј.
По досегашните закони на Унијата, на жителите на ЕУ не им е потребни работни дозволи за живеење и работа во Британија. Земјата дури им нуди и на сите жители на ЕУ бесплатно лекување по влегувањето во Британија.
Во неодамнешното интервју за Гардијан првиот човек на ММФ, Кристин Лагард, порача дека повеќе и е жал за африканските деца, отколку за Грците.
"Повеќе мислам на малите деца од училиште во мало село во Нигер, кои ќе добијат 2 часа дневно, седејќи по три деца на столче и кои се многу желни да научат нешто. Тие постојано ми се во памет. Бидејќи мислам дека ним им треба многу повеќе помош отколку на луѓето во Атина," порача Лагард.
Таа посебно ја истакнала навиката на Грците за избегнување даноци, како главна причина за финансиските проблеми на земјата:"Знаете што? Што се однесува на Атина, јас исто така мислам на сите оние луѓе кои цело време се обидуваат да го избегнат плаќањето даноци."