Ништо не е труло во државата Данска

Данците и не се некои светски шампиони во финансии, ама она што го имаат совладано подобро од кого било се - хипотеките, и така е веќе едно 200 години.

Хипотекарниот систем во Данска е создаден во 1795-та, по големиот пожар во Копенхаген. Во над 200 години постоење не е забележан ниту еден случај на неуспешна хипотека. Притоа треба да се има во предвид дека станува збор за огромен систем чиј колективен долг е 320 милијарди евра, што е 50% повеќе од националниот долг.

Сопствениците земаат долгорочни даноци кои се ограничени на 80% од имотот за приватни лица и 60% од имотот за недвижнини на компании. Условите за хипотеката не се договараат меѓу банката и лицето што бара кредит. Туку, банките функционираат како брокери кои ги собираат долговите и потоа им ги продаваат на инвеститори како обврзници.

Токму ова е начинот на кој и пропадна пазарот на недвижности и хипотеки во САД. Она по што Данците се разликуваат од Американците, е "принципот на баланс." Според него, потребите на двете страни (позајмувачи / позајмители) мора да бидат синхронизирани, односно едно лице може да добие хипотека само откако банката ќе утврди под кои услови е разумно да се очекува дека тој или таа може да го исплати кредитот. Овие услови потоа му се презентираат на кредиторот и тој решава дали ќе ги прифати.

Друга разлика во однос на САД е што на инвеститорите им е забрането продавање на долговите на трети лица, а забрането е и давање кредити на лица со лош кредитен рејтинг.

4 јуни 2012 - 19:21