Повик од 330 илјади долари

Една интервенција на Крајбрежната стража на САД за спасување на екипаж и патници на јахта, чини најмалку 330.000 долари. Сумата е посебно глупаво висока кога се работи за лажен повик.

На почетокот од неделава Крајбрежната стража "падна" на еден ваков повик, за запалена јахта во близина на Њу Џерси. Во интервенцијата за пронаоѓање на јахтата биле ангажирани Крајбрежната стража, уште најмалку 5 други агенции и 50 лица од персоналот на една од болниците во Њу Џерси.

По 3-часовна потрага по жртви, остатоци или нафтена дамка од јахтата, властите се повлекле на копно доцна во понеделникот вечерта.

"Имаме 21 човек на бродот и уште 20 во вода. Имам тројца загинати на бродот и 9 ранети во експлозијата," рекол непознатиот маж во разговорот со операторот на 911.

Самите власти признаваат дека јавувачот бил далеку поуверлив отколку редовните измамници што се јауваат на бројот за итни случаи.

Властите даваат награда од 3.000 долари за тој што има информации за јавувачот, кој може да добие до 10 години казна за пријавување на лажни несреќи.

13 јуни 2012 - 18:46