Политичка борба за живот

Некои во политиката влегуваат затоа што веруваат дека без неа нема живот за нив. Еден Индиец особено е во право.

32 годишниот покојник Сантош Кумар Кинг се кандидирал на следните претседателски избори само за да докаже дека е жив.

Цели 9 години се обидувал на институциите да им докаже дека не е мртов каков што го прогласиле неговите роднини а откако безуспешно за тоа му пишал и на индијскиот премиер, решил да стане еден од 12-те претседателски кандидати.

Минатата година надлежните дефинитивно го одбиле неговото барање да му се поништи посмртницата.

А мртов е заради љубов. Погрешна љубов, со девојка од друга каста. Кога ја одвел дома, семејството му соопштило дека тој е срам за сите нив и дека за нив тој веќе не постои.

Не биле само метафорични туку покренале сериозна постапка: прво го прогласиле за исчезнат а потоа го преквалификувале во починат. Организирале дури и церемонија по фиктивниот погреб а со помош на правни механизми, му одзеле сè што поседувал.

Во селото веќе не смее да се вратги бидејќи добил јасни закани дека во тој случај нема да биде мртов само на хартија.

23 јуни 2012 - 10:20