Обезбедување на летен распуст

На годишниот одмор на Обама, најмногу мерак си направиле Барак, Мишел, нивните ќерки и сите членови на Тајната Служба што го обезбедувале семејството.

Фокс Њуз објави сведоштва од жителите на Марта Винјард, кои тврдат дека обезбедувањето на Обама комплетно ги руинирало куќите во кои престојувале, во нив правеле забави, канеле колеџ девојки и не се срамеле да зборуваат за детали од обезбедувањето на претседателот.

"Никогаш повеќе нема да им изнајмам куќа," изјавила жена која се жали дека обезбедувањето им го уништило мебелот, подовите и оставале шишиња низ куќата.

Друга жена која била блиска со обезбедувањето признала дека тие секоја вечер носеле различни жени во куќата, меѓу кои имало и такви кои не се со американско државјанство.

20 јуни 2012 - 09:09