Обама, жив или мртов

САД минатата недела објави награда од околу 7 милиони долари за главите на неколку високи команданти на Ал-Шабаб, сега Сомалијците со иста жестокост ја возвратија мерката, нудејќи награда за главата на Обама и за Хилари Клинтон.

"Кој и да го открие скривалиштето на идиотот Обама ќе добие награда од 10 камили и кој и да го открие скривалиштето на старицата Хилари Клинтон ќе биде награден со 10 кокошки и 10 петли," порачуваат од Ал-Шабаб.

Наградата беше објавена во петокот, кога помошникот Државен секретар, Џони Карсон, беше во посета на Могадишу. На прашањето за заканата од терористите Карсон порачал дека тоа "е толку апсурдно што не заслужува одговор."

12 јуни 2012 - 09:34