Истрагата траела цели 128 месеци а нејзин центар бил угледниот дилер Labouré-Roi (трета по големина винска фирма во Бургундија) кој во периодот 2005-2009 продавал фејк верзии на познатиот бургундец Nuits St George.
Се проценува дека во тој период биле продадени околу 2 милиона шишиња од овааа марка, полнети со ефтино вино со висок степен на алкохол кое може да се најде и во обични продавници.
Ќарот се проценува на неколку стотици милиони евра. Шишињата биле продавани и за по неколку илјади евра, бидејќи луѓето верувале дека добиваат наградени винтажни вина од добри берби.
Labouré-Ro е угледна винска компанија формирана уште во 1832 година и извезува бургундец во преку 30 земји во светот.
Првите луѓе на компанијата, браќата Арман и Луи Котен (82 и 83 години) беа притворени минатата недела а сега со кауција од слобода ја чекаат пресудата.