Минатата година Шпанија ја напуштиле 86.000 луѓе кои не доаѓаат од територијата на Европа. Ел Паис пишува за се помасовниот тренд кој од имигрантска, земјата ја направи емигрантска.
Од Шпанија се бега масовно во Сенегал, Еквадор, Колумбија, Боливија.... Најголем дел од оние кои ја напуштаат некогаш просперитетната држава работат неквалификувани работи во градежништвото.
Првпат во последниве 10 години, шпанскиот БДП падна под европскиот просек. Некогаш беше 5 проценти повисок, денес е еден процент понизок.
22 проценти од шпанските домаќинства живеат под прагот на сиромаштијата. Околу 2,2 милиони деца се соочуваат со дефицит на основни услови за нормален живот и растење.