7 месеци по инцидентот, САД прв пат ставија сума за тоа колку ги чини затворањето на границата - 100 милиони долари месечно.
Сега Пентагон успеал да договори нов начин на плаќање за транзитот на стоки преку земјата, но од пакистанска страна бараат и извинување за смртта на војниците.
Претходно администрацијата на Обама изрази "жалење" и понуди сочувство за жртвите, но изјавија дека извинување не било потребно бидејќи истрагата покажала дека за инцидентот придонеле грешки на двете страни.
Пред затворањето на границата, американските залихи беа превезувани со брод до Карачи, па од таму со камиони преку Пакистан во Авганистан. Сега тие во Авганистан пристигнуваат од север, преку Русија и Централна Азија, што е далеку поскапо од претходниот аранжман.