Свет

Валканата тајна на избледените фармерки

Од шест контролирани фабрики за џинс во Гуангжу (еден од најголемите центри во Кина за производство на овој материјал) сите шест користеле забранета и смртоносна техника за избледување на фармерки.

Ценовник за поткупување кинески функционер

Листа со имињата на 47 функционери, тарифата и конкретната услуга за која што е платено веќе некое време циркулира на кинеските социјални медиуми.

30.000 затвореници на штрајк со глад

Во она што е на добар пат да стане најмасовниот штрајк со глад во САД, затворениците во 20 од 33-те затвори во Калифорнија вчера го одбија својот прв оброк.

Како изгледа присилното хранење во живо

Од 100-те затвореници во Гвантанамо кои штрајкуваат со глад, над 40 секој ден се присилно хранети за да не умрат. Целата процедура не е ниту најмалку пријатна. Јасин Беј (а.к.а. Мос Деф) сам се пријави да го мине целиот процес пред камери.

Европа во војна против ноќниот живот

Од Милано до Париз, од Мадрид до Амстердам ноќниот живот во цела Европа станува тапа, и не затоа што народот е досаден, туку затоа што и таму владите сметаат дека тие знаат најдобро колку забава им треба на луѓето.

Кој е човекот што го избрка Морси

Минатата година египетскиот претседател направи чистка на генералите и "старата гарда" ја замени со нови ликови. На нивно чело го стави 58-годишниот генерал од новата генерација Абдел Фата ал Сиси. Една година подоцна ал Сиси е човекот кој ќе го прекине владеењето на Морси.

Кога ќотекот не доаѓа со многу пари

Топ 5-те проценти од борците во UFC неспорно прават многу пари и собираат слава, проблемот е кај останатите 95% кои веќе почнаа да се бунат против организацијата, мирољубиво.

Не е до тајните, до индустриските тајни е

Додека остатокот од ЕУ не може да се помири дека биле шпионирани од својот најголем сојузник, Германците се многу позаинтересирани за тоа кој дел од индустриските тајни им се украдени со прислушувањето.

И Стејт департманот брка лајкови

Министерството за надворешни работи на САД потрошило 630.000 долари за да собере што е можно повеќе фанови на Фејсбук.

Куртоазија на американски начин

Од почит кон светиот месец Рамазан стражарите во Гвантанамо ќе престанат преку ден со сила да ги хранат затворениците муслимани кои штрајкуваат со глад. Наместо тоа (од почит) ќе почнат со сила да им бутаат храна после зајдисонце.

И ЕУ пратениците се палат на дневници

Новинарот Том Стаал живи фати двајца евро парламентарци како влегуваат во зградата на Европскиот парламент само колку да се регистрираат за да можат да земат дневница за денот.

Шпионот што стана професор

Професор-хонорарец кој предава цела учебна година на Сити Универзитетот во Њујорк може да очекува плата од 25.000 долари годишно. Сепак ако неодамна си дал отказ како директор на ЦИА и решиш да предаваш на овој Универзитет, тогаш можеш да добиеш и до 8 пати поголема плата, за само дел од работата.

Состојба на постојана револуција

Од Турција до Бразил луѓето излезени на улици му пркосат на солзавецот и ја прескокаат државната цензура, додека државните медиуми станаа единствена публика сами за себе.

Како 10 милиони сапуни требаа да исперат милиони долари

Цела шема за перење пари е откриена само заради тоа што главните ликови ги фатила мрза и одлучиле наместо на ситно, да префрлат милиони долари за купување на 10 милиони парчиња сапун.

Полициски блицкриг сред Киев

Во рок од 20 секунди украинскиот УБОП (Управа за борба против организиран криминал) хируршки прецизно реши една 7-члена гангстерска банда од Киев.

Кралицата доби покачување на платата

Елизабета Втора за 2014-та (која очигледно се очекува да ја истера до крај) ќе добие 5% поголема плата, и ќе изнесува колку платата на Коби, ЛеБрон и Тони Паркер заедно.

Крајот?

Со седум години казна затвор и доживотна забрана за вршење на јавна функција, завршува кариерата Берлускони, а со тоа и крајот на Втората република. (Првата беше 7-кратниот мандат на Андреоти.)

Абортусот преживеа во Тексас

Демократската сенаторка од Тексас излезе на говорницата во розеви патики. 50 годишната Венди Дејвис знаеше дека ќе мора да отстои цели 13 часа ако сака да успее да го блокира конечното донесување на законот со кој се отежнува правото на абортус. Републиканците ја скинаа два часа порано од рокот, но, потоа демократите изиграа екипно.

Борбата против тероризмот што не фаќа ниту еден терорист

Постојаниот мониторинг на мобилните разговори, Гугл, Скајп, Фејсбук месинџер и слично, помага само за шпионирање на граѓаните, затоа што терористите одамна ги нема на овие платформи.

Приказната за Пинк Пантерите

До сега имаат украдено над 330 милиони евра во дијаманти и накит, а сите кражби им се идентични, добро облечени крадци влегуваат во златари во групи од двајца до петмина и напуштаат неколку минути пред да дојде полицијата.

Зошто Сноуден ја избра Москва

Сноуден одлучи дека најбезбедниот пат до ветената земја води преку Москва. Веќе е слетан таму и чека да тргне за Еквадор.

В за вакцина

Кога го убија Бин Ладен, никој не претпоставуваше дека одзмадата на Талибанците ќе се истури врз здравствените работници кои вакцинираат деца во регионот.

Заштита на работа сред војна

Британија би можела да остане без војници за клучните воени мисии, откако судот одлучи дека и за војниците треба да има правила за безбедност на работа како и за (да речеме) тетките што работат во сметководство.

Обама во Берлин 5 години подоцна

Во 2008-ма Обама како кандидат за американски претседател одржа говор во Берлин, годинава се врати во главниот град на Германија и пак збореше. Еве што кажа тогаш, а што сега.