Свет

Обама во Берлин 5 години подоцна

Во 2008-ма Обама како кандидат за американски претседател одржа говор во Берлин, годинава се врати во главниот град на Германија и пак збореше. Еве што кажа тогаш, а што сега.

Ѓубре од 7 милијарди долари

Во целата желба што е можно побрзо да се исчистат од Авганистан, Пентагон реши дека не му се исплати да враќа во САД повеќе од 7 милијарди долари во опрема.

Како е да се живее во најскапиот град во светот

Смирено до ниво кое те вади од кожа, Норвежанец ја сумира титулата на Осло за најскап град во светот за странци - барем сега можам да патувам каде било во светот, да правам што сакам и да имам оправдание дека всушност повеќе заштедувам отколку кога би бил дома.

Фотографијата што мораше да се преслика

Мајката бесна и бара сè од почеток да се направи, целата заедница во шок, фотографот обвинет по сите можни основи за дискриминација, а малиот насмеан.

Пеколот на полагање приемен испит во Кина

Идните студенти минуваат 12 месеци во исчекување и подготовки, нивните родители речиси половина година однапред резервираат хотели во близина на местото на полагање и во еден ден 9,2 милиони средношколци одат да ги пополнат своите тестови кои речиси сигурно ќе ја одредат нивната иднина.

ММЕ кој прв фати да вежба

Пред да започнат со решавање на што било на Г8 самитот, двајцата најмоќни луѓе на светот, Путин и Обама, мораа да решат еден личен проблем - кој ќе добие термин во фитнесот во ресортот. Делење справи не доаѓа во предвид.

Државјани со Господ напред

Ако барате американско државјанство, меѓу другото, ќе ве прашаат дали сте спремни со оружје да ја браните Америка. Можете да кажете не, ама само од религиозни причини, етичките не ви се важат.

Хаг ослободувал по наредба?

Претседателот на Хашкиот трибунал вршел притисок врз судиите за ослободување на обвинетите, тврди во своето писмо данскиот судија во Труибуналот, Фредерик Хархоф. (+ писмото во пдф)

Ако не можете да ни верувате, тогаш ќе си имаме проблеми...

Обама бара од јавноста да му верува дека оние кои се занимаваат со прислушување, имаат попаметна работа отколку да слушаат нечии телефонски разговори. "Ако не можете да ни верувате, тогаш ќе имаме проблеми". Обама има разбирливи поенти во говорот (за законодавната и судска контрола), ама една ваква порака, испорачана од толку моќен политичар, звучи застрашувачки.

Таксим не е Тахрир

Разликата не е само во тоа што полицијата успеа да ги избрка демонстрантите и не им дозволи да го претворат плоштадот во центар на револуцијата, ниту пак тоа што Турците не се Арапи, ниту пак тоа што политиката во Турција не е како во Египет, Либија, Сирија, Тунис или Алжир.

Америка конечно го засака Буш

За првпат откако го доби вториот мандат во 2005-та, постојат повеќе Американци кои се за отколку оние кои се против Џорџ Буш.

Американецот си легна на брашното

Сериозни вредносни пукнатини во земјата која почива на фетишот на слободата и индивидуалноста. Повеќе од половина Американци сметаат дека е прифатливо тоа што државата прислушува граѓани.

Зошто државата треба да троши

ММФ и ЕУ кон кризата пристапија со познатиот конзервативен метод: стегање на каишот. Во САД играат еден обратен принцип: државата треба да троши кога и е најтешко. Кратко објаснување од советникот на Обама.

Кога Америка би била странство

Иако генерално е сатира, текстот покрива вистинска вест (поточно последниот скандал со прислушувањето во САД) "на начин на кој што американските новинари ги покриваат настаните во странство."

Њујорк Тајмс: Обама го изгуби целиот кредибилитет

По откритието дека НСА (National Security Agency) со помош на тајна судска одлука ги следи повиците на милиони корисници на Веризон, на уредниците на Тајмс им прекипе околу Обама.

Баксузот што изгуби 590 милиони долари

84-годишната Глорија Меккензи е добитничка на историски големата лото премија, и само заради тоа што извесна Минди Крандал решила во најлошиот момент во животот да биде учтива.

ЦИА не ни знае кого сè убива

Барак Обама најави дека ќе продолжи со контроверзниот програм за таргетирано убивање со беспилотни летала иако нарачателот ЦИА не секогаш знае кој точно е убиен.

Пораснуваме

Тајландската Влада започна кампања со која на своите граѓани од сите возрасти им препорачува да пијат барем една чаша млеко секој ден. Главна цел на кампањата е нацијата да порасне и тоа во висина. Таргетот е 8 сантими.

33 години CNN

Cable News Network неодамна наполни 33 години од своето постоење во кое 24/7 ги прави вестите глобални. Имаме избор на некои битни случувања фатени и обработени од екипите на оваа телевизија.

Салати за мир во куќа

Салатите носат меѓу 2 и 3% од вкупните приходи на МекДоналдс, меѓутоа и понатаму се на менито бидејќи тоа е полесно отколку да слушаат кенкање.

На Кина почна да и станува срам од Кинезите

Потписот на еден кинески тинејџер на илјадници години старата египетска палата Луксор, беше причина неговата татковина да почувствува срам пред светот.

Како да претвориш урбана дистопија во олимписки стадион

На 22-ри март полицијата на Рио се судри со демонстрантите пред стадионот Маракана, кои претходно добија известување од Владата дека нивните домови ќе бидат претворени во паркинг. Ова е само дел од немирите поврзани со преуредувањето на градот за Мундијалот и Олимпијадата.

Казиното со влезница од 1,6 милиони долари

Се наоѓа во Макао и тоа на 32-от кат од Галакси Макао казино и ресорт, едно е од најелитните ВИП казина во светот и веројатно ќе го гледаме само на слики.

Валканата тајна на Еверест

Неделава се прославуваат 60 години откако Едмунд Хилари го искачи Монт Еверест. Од тогаш стотици луѓе го качија врвот, секој придонесувајќи за создавање на највисоката депонија на светот.