
Љубовниците во Кина се делат на проститутки (ескорт, хостеси и сите други што се достапни во секој хотел, салон за масажа или сала за конференции,) "втора жена" (жени кои влегуваат во врска со други мажи и покрај тоа што се мажени и имаат деца), "третите" кои се само за повремени љубовни врски и регуларните љубовници.
Токму последните го имаат највисокиот статус меѓу сите. Тие најчесто се "femme fatal" и сериозен статусен симбол за мажот, бидејќи покажуваат дека имаш пари.
Прифаќање на кој било подарок од оженет маж (чанта, накит, автомобил, патување), е премолчен договор за станување љубовница на добродетелот. Една од задолжителните карактеристики на сите овие љубовници е што максимум треба да имаат околу 25 години.
"Како што на Западот се поттикнува пред брачен секс, така во Кина се поттикнува брачното неверство. За разлика од Западот, само мал број од жените во Кина би се одлучиле да побараат развод заради неверноста на сопругот," објаснува Торстен Патберг за Азија Тајмс.
Според него љубовниците во Кина се разликуваат и по нивото на одржување кое им е потребно:
- Најевтини се студентките. Девојката е млада, сиромашна и полна со романтични идеи. Со тек на време ќе се омажи со некој колега, ама до тогаш може да се гледа со некој спонзор.
- Потоа се вработените жени. Тие се независни, имаат искуство, поседуваат или изнајмуваат место за живеење. Може и да се мажени, ама најверојатно и нивниот мажи има некоја швалерка на која го троши времето.
- Најскапо ниво се трофеј љубовниците. Нејзината цел е да го освои најмоќниот маж што може да го најде. Тоа е нејзин животен стил и религија. За неа се карактеристични две работи: големо количество пари и големо количество драма.