Кој е новиот градоначалник на Њујорк?

По 12-годишното владеење на Блумберг, Њујорк доби нов градоначалник. Човекот по татко е Германец, по мајка е Италијанец и кон крајот на 80-те почнува да работи како потрчко во градското собрание на Њујорк. Сега истиот тој е избран за 109-те градоначалник на Њујорк, кој ќе располага со буџет од 60 милијарди долари.

Во 1989-та Бил де Бласио почнува посериозно да се занимава со политика. Тогашна негова позиција е потрчко во градското собрание, а главното обележје на биографијата му е дека ги помагал сандинистите во Никарагва.

Де Бласио дипломира на Универзитетот Колумбија, по што преку невладината организација Кихот центар се залага за помош на сандинистите во Никарагва. Ова се случува во 1988-ма, во исто време кога неговата влада се обидува да ги тргне револуционерите од власт. Во овој период тој работи и на кампањата на последниот демократски градоначалник на Њујорк.

Кон средината 90-те, Бил Клинтон го назначува Де Бласио како регионален директор на Министерството за домување за Њујорк и Њу Џерси. Тогаш тој почнува да ја користи својата позиција за остварување на сопствената идеологија, како давање на федерални пари за значително финансирање на сместувањето на старите граѓани.

Во 2000-та учествува во кампањата на Хилари Клинтон и и' помага да влезе во Сенатот. За време на владеењето на Блумберг, Де Бласио како член на Комисијата за образование постојано се залага за јавно образование, критикувајќи ја поддршката на Блумберг за отворање на приватни училишта.

Освен ова, како член на градското собрание успева да го извојува законот кој на сопствениците на домови им забранува дискриминација на најсиромашните граѓани кои киријата ја плаќаат со федерални ваучери. Подоцна на жителите на Њујорк заболени од СИДА им овозможува поевтина кирија, а успева да протурка и закон за заштита на трансродните личности. Де Бласио е човекот кој прави во Њујорк да се донесе Законот за партнерство, со кој потполно се изедначуваат правата на истополовите парови со оние на хетеросексуалците.

Освен ова тој постојано се бори против праксата големите корпорации да ги купуваат изборите со огромни донации, а им помага и на имигрантите да добијат помош во добивањето на државни бенефиции.

Последниот градоначалник на Њујорк од Демократската партија е Дејвид Динкинс, чиј мандат заврши во 1993-та. Тој е и прв и последен црнец, градоначалник на Њујорк.

9 ноември 2013 - 18:55