Приказната за животот под дроновите

По 9 години користење и 2.500 цивилни жртви, Обама дури во мај годинава официјално призна дека во нападите со дронови гинат и цивили. Приказната не е за мртвите во нападите, туку како тоа ги прогонува живите, како и понатаму останува со нив.

Според О.Н. и Амнести Интернешнл во Јемен загинале 58 цивили од напади на дронови, а во Пакистан околу 900 лица. "Оваа смрт, ќе не прогонува до крајот на нашите животи," изјави Обама дента кога ги призна жртвите.

Новинарката Мадиха Тахир, во својот документарец зборува за цивилните жртви од нападите во Вазиристан, погранична област во Пакистан, која граничи со Авганистан и е управувана од локалните племиња.

Њујорк тајмс минатата година објави дека американските власти го сметаат секој воено-способен маж во областа за "милитант," заради што бројките за цивилните жртви се далеку од точни.

Во меѓувреме, администрацијата на Обама изведува напади со дронови базирани на "шаблон на однесување," анализа во која секое сомнително однесување е доволно за да биде одобрен напад. Оваа пракса е обично составен од два напада, во кој вториот удира на исто место и ги убива оние кои се обидуваат да ги расчистат телата.

"Кога ќе се случи напад, медиумите тврдат дека знаат колку милитанти се убиени. Меѓутоа, на местото можеш да најдеш само парчиња од телата, па луѓето не можат да пребројат колку умреле," изјавил Нур Берам, пакистански новинар во областа, кој известува и ги фотографира жртвите од нападите на дроновите.

За Американците нападите со дронови не претставуваат сериозна контроверзија од причина што тие се случуваат на места оддалечени преку половина свет, и што во нив не гинат американски војници.

Раните на Вазиристан

29 октомври 2013 - 16:14