Метро по цена на чучњеви

30 чучњеви наместо 30 рубљи е зделката за бесплатно возење со градското метро која им е понудена на сите жители на Москва.

Идејата е заедничка на Рускиот олимписки комитет и на градските власти, а целта е да се промовираат Зимските олимписки игри во Сочи и да се зголеми физичката активност на граѓаните на Москва.

Патниците треба да ги изведат чучњевите пред специјална машина која проверува дали човекот е во правилна позиција. За сега машината ја има само на една сместена од поновите станици на московското метро. Секој има фора од 2 минути за да ги направи 30-те чучњеви.

Освен ова, олимпискиот комитет на земјата на повеќе локации се обидува да ги впрегне Русите во физичка активност, заради што постави статични велосипеди кои можат да создадат доволно струја за полнење на мобилен, а рачките во одредени автобуси ги замени со ластици за вежбање.

Понудата за плаќање со чучњеви ќе важи до почетокот на декември.

9 ноември 2013 - 14:58