Петтолигаш ни крив ни должен си доби најубав стадион во цела Италија

Италијанците имаат многу голем проблем со спортската инфраструктура. Додека другите европски земји активно градеа нови стадиони и реновираа, Италија го преспа тој период. Сега најголемите италијански фудбалски стадиони се стари по речиси 50-60 години и се далеку од ултра модерните во Англија, Германија, Шпанија, Франција... Но на еден клуб му се посреќи.

За 62 милиони евра во градот Таранто е изграден нов и супер модерен стадион „Еразмо Јаковоне“. Има капацитет од 20.300 седечки места и е изграден за потребите на ХХ Медитерански игри (од 21-ви август до 3-ти септември) во Таранто и други реони во Пуља (Јужна Италија). На Медитерантските Игри ќе има 28 дисциплини во разни спортови.

А фудбалскиот клуб Таранто кој игра дури во петта италијанска лига (аматерска) ни крив ни должен си доби нов прекрасен стадион со сите нишани.

29 јули 2026 - 11:08