Прва победа за Реал под водство на Мурињо

На стадионот „Алфредо Ди Стефано“ каде играат вториот и третиот тим на „кралскиот клуб“, првата екипа под водство на новиот тренер Жозе Мурињо го совлада Легањес 4-1 во пријателски дуел. Стрелци: Валверде, Гонзало, Мастантуоно и еден автогол.

Мурињо се реши за формација 4-2-3-1, играа: Лунин, Трент Александер-Арнолд, Асенсио, Хаусен, Карерас, Валверде, Камавинга, Ѓулер, Мастантуоно, Сирија, Гонзало. Во вториот дел во играа влегоа: Хави Наваро, Жоан Мартинез, Ламин Фати, Валдепењас, Фортеа, Паласиос, Сестеро, Јанес, Лакоста, Габри Валеро и Хакобо.

29 јули 2026 - 10:10