Станува збор за стравично зголемување на сумата од досегашните 1,3 милиони долари. Ова е прв пат ваков раст на цената во периодот од 2008-ма до 2013-та.
Експертите на Пентагон тврдат дека зголемувањето на цената се должи на растот на трошоци за враќање на војската и опремата од Авганистан.
Со ова не се согласуваат аналитичарите на Центарот за стратешки и буџетски анализи објаснуваат дека САД во изминатите буџетски години селеле значително поголема количина опрема. Туку проблемот е што и покрај големиот број на војници кои веќе се повлечени од Авганистан, вкупните трошоци за поддршка на останатите војници во земјата останале исти.
Па така трошоците за разузнавање, надзор и извидница, како и комплетниот систем за поддршка на војниците, не се намалени и покрај значителниот пад на војници во Авганистан.