Како да освоиш континент

Во најоригиналното оправдание од Колумбо до денес, еден Американец (по потекло од Маврите) реши да запоседне имот вреден 6 милиони долари, по истата основа по која Американците ја имаат освоено Америка.

Батлер-Ел е човек кој тврди дека имотот од 3.500 метри квадратни е негов, по основа на наследство од Маврите кои на таа територија пристигнале пред Колумбо и останатите Европејци.

Целата процедура Батлер-Ел ја тера крајно легално. Своето тврдење тој го претставил пред Одделот за проценка и оданочување на Мериленд, од кого побарал постојните записи да се променат за достојно да го отсликуваат фактот дека тој има право на земјата како претставник на т.нр. Маорска нација на Северозападен Амексем, Северна Америка.

Тој слично постапил и кога бил пресретнат од неговите соседи, кои забележале активност на имотот. Соседите како одговор добиле детална "лекција по историја," која им ја повторил и на полицајците кои неколку дена подоцна пристигнале на имотот.

Логиката по која се води Батлер-Ел е крајно експанзивна и по таа основа тој не само што би добил право на имотот туку и на голем дел од САД.

Целата поента на Батлер-Ел потекнува од пред 500 - 600 години, од европските правила за освојување на нови територии. Тогаш се што требало да направат европските освојувачи е да стапнат на новата земја и да ја прогласат за сопствена. Во еден од најекстремните случаи, морепловецот Васко Нунез де Балбоа, ја минува Панама стига до Пацификот, стапнува во него и го прогласува океанот за дел од Шпанија.

Сепак една од клучните разлики меѓу Батлер-Ел и европските освојувачи, е што кога овие вторите грабале земја од домородното население, тие никогаш не излегле со своите факти пред домородците и да ја бараат земјата според нивните закони.

25 октомври 2013 - 14:54