Нарендра Моди е премиерот на западната индијска држава Гуџарат, и сега се кандидира за премиер на цела Индија. Ако му успее тој планира да ја изгради највисоката статуа на светот, висока 182 метри.
Целата поента на статуата потекнува од верувањето на Моди дека Индија е земја на политички пигмејци. Според него сегашниот премиер на Индија, е истрошен стар технократ кој добива наредби од италијанската вдовица на поранешниот премиер (кој беше син на премиер и внук на друг премиер).
Ова тој планира да го реши градејќи ја Статуата на единството во Гуџарат, со што Индија ќе го превземе приматот од Кина за земја со највисока статуа (битка која двете земји веќе некое време ја водат).
Статуата ќе биде изработена од бронза, железо и цимент, а ќе чини 340 милиони долари, од кој најголемиот дел ќе дојдат од данокот. Изградбата ќе трае 42 месеца.
Кога ќе биде готова, таа ќе биде 2 пати повисока од Статуата на слободата, 4 пати повисока од Статуата на Исус во Рио и над 12 пати повисока од Воинот на Коњ (14,5 метри).
Моди, инаку хинду националист и човекот кој беше на власт во 2002-ра кога хинду толпите масакрираа 1.000 невини муслимани во Гуџарт, планира статуата да биде од првиот индијски заменик премиер Сардар Валабхаи Пател.
По добивањето независност од Британија, Пател станува заменик на Нехру. За разлика од премиерот, Пател е многу попрагматичен и многу построг човек. И ден ден индијските десничари веруваат дека ако Пател бил прв премиер на Индија, земјата ќе имала многу посериозен статус во меѓународната заедница во првите децении од осамостојувањето.