Кога нема кофа

3-годишна истрага на Скотланд Јард заклучува дека агентот на МИ6, Герет Вилијамс, се самоубил затворајќи се сам во пластична торба.

Телото на Вилијамс во август беше откриено во бања во неговиот стан во Лондон, заклучено во голема патничка торба а клучевите од торбата биле откриени под неговото тело.

Минатата година од судска медицина соопштија дека Вилијамс најверојатно бил убиен и неговата смрт е резултат на криминален чин. По 8-дневен судски претрес беше заклучено дека тој бил задушен или отруен, пред трето лице да го заклучи во торбата и истата да ја стави во бањата.

Сепак истрагата на Скотланд Јард доаѓа до поинаков заклучок, тврдејќи дека Вилијамс "најверојатно" бил сам кога умрел. Тие објаснуваат дека полицијата не можела "основано и без сомнение" да ја исклучи можноста дека во смртта на Вилијамс била вклучена и трета страна.

Истрагата на Скотланд Јард не открила ничија туѓа ДНК или знаци на насилно влегување во домот на Вилијамс. Меѓутоа тие не успеале и да најдат отпечатоци од Вилијамс на рачките од торбата или на работ од кадата, што минатата година беше основа судска медицина да одлучи дека станува збор за убиство. Според Скотланд Јард, Вилијамс теоретски можел да влезе во торбата без притоа да ја допре кадата.

"Постојат три хипотези што можете да ги користите. Едната е дека Гарет од некоја причина влегол во торбата и не можел да излезе, заради што и починал. Другата е дека Гарет свесно влегол во торбата, потоа нешто се случило и тој умрел како резултат на тоа. Третата е дека некој го убил Гарет ставајќи го во таа торба. Сакам да нагласам дека физичкиот недостаток на доказ за присуство на трета страна, ја прави помалку веројатна хипотезата дека во целата работа имало и трета страна," изјавил комесар за детективи на Скотланд Јард, Мартин Хјуит.

14 ноември 2013 - 13:02