Во извештајот кој се појави деновиве портпаролот на Кинг објави дека играта ја има минато границата од 500 милиони симнувања на смартфон. Од компанијата најавија дека во следните месеци корисниците можат да очекуваат уште нови нивоа за играта.
Со оваа бројка Кенди краш е некаде на околу една четвртина од бројката на Angry Birds, кои на Ајфон и на Андроид е симната околу 2 милијарди пати.
Според одредени процени само во САД од Ајфон корисниците, Кенди краш прави околу 875.000 долари на ден од купување на работи во играта. Во септември директорот на Кинг, објави дека играта само на смартфони се игра околу 700 милиони пати на ден.