Свет

Фон дер Лejeн доби кауч кај Ердоган

Единствената жена лидер која присуствуваше на состанокот меѓу ЕУ и Турција, на кој меѓу другото требаше да се разговара за правата на жените, заврши без столче меѓу лидерите.

По шест месеци Чешка смени трет министер за здравство

Заради еден од најлошите биланси во справувањето со ковид-19 на барање на премиерот на Чешка беше сменет тамошниот министер за здравство, кого го назначи во октомври минатата година.

Фајзер ги секна вакцините за Израел, заради фактура

Пратка од 700.000 Фајзер вакцини која во неделата требаше да стигне во Израел е одложена на неодредено време. Во случајов неодредено време е колку и да му е потребно на Израел да плати фактура.

Путин на своето

Рускиот претседател го потпиша законот за „ресетирање“ мандати кој ќе му дозволи уште два пати да се кандидира за претседател на Русија, со што потенцијално би бил на власт до 2036.

Сложни министри тајно вечераат

Париското јавно обвинителство започна истрага околу сведоштвата објавени од медиумите на луѓе кои тврдат „дека јаделе во два или три тајни ресторани со одреден број на министри“.

Германија ќе го плати и гради пристаништето во Бејрут, ама...

Првиот дел од насловот е за целиот народ на Либан, „ама“ е за политичарите и владетелите на земјата, кои успеаа да ја дотераат до дереџето во кое се наоѓа.

Американска фабрика упропасти 15 милиони дози од Џонсон и Џонсон вакцината

Фабриката која требаше да произведе десетици милиони дози од Џонсон и Џонсон, што беа важен дел од планот на Бајден за вакцинирање на земјата, сега треба комплетно да престане со производство додека властите не ја истражат грешката.

Германија: Станавме смешка на светот

Гневот дома и резилот во странство е што Германија како земја која се потпре на ЕУ во набавката на вакцини, моментално има вакцинирано само 11% од населенито со барем една доза. Во САД ова е 45%, во Израел 60%.

Каде е сексуалното малтретирање кога ти треба?

„Во моментов би убила за да бидам малку сексуално малтретирана“ ќе изјави една од функционерките на австралиската Либерална партија на состанок со колегите околу новите правила на однесување во партијата.

Трговската дилема на векот: дал да се шири Суец или да се патува преку руската рута?

Затката што се случи во Суецкиот канал во преден план извади две потенцијални решенија кои до сега глатко беа игнорирани затоа што на глобалната трговија никогаш не и се случило кревање рачна како сега.

Мексико призна дека смртноста им е многу поголема

Новите извештаи на владините и здравствени институции ја корегираа цифрата на реалната смрност од ковид во земјата. Сега оперираат со бројка која е дури 60% поголема од претходната. Ама па аранжманите им се евтини.

Блокадата што затна проток од 9,6 милијарди долари на ден

Бродот што пред два дена се заглави во Суецкиот канал уште е таму и нема намера да мрдне. Моментално градацијата на проблемот е: веќе над 150 бродови се заглавени и не можат да продолжат со патувањето, и се очекува дека така ќе биде барем до следната недела.

Во Белата куќа се враќаат збогатени кираџии

Откако се смени првиот човек на Белата куќа, во неа се враќаат некои нејзини „станари“ кои таму службуваа во ерата на Барак Обама. Види чудо, вториов пат доаѓааат многу побогати отколку првиот.

Како да одглавиш 200.000-тонски брод од канал?

Насукан карго брод, подолг од Ајфеловата кула, вчера успеа да го потсети светот за важноста што Суецкиот канал ја има за комплетната глобална економија.

Меркел се пишмани околу велигденскиот карантин

По еден ден галама и негодување во земјата, Меркел им соопшти на лидерите на 16-те германски сојузни држави дека ја повлекува одлуката за затворање дома на целосната германска популација за време на Велигденските празници.

Норвешката полиција ќе ја испрашува премиерката околу ковид

Полицијата соопшти дека започнала со испрашување сведоци а планира меѓу нив да се најде и првиот човек на норвешката влада како и нејзиниот сопруг, за да се расветлат пар непочитувања на ковид мерките кои важат (за сите) во таа далечна земја. 

Заврши ловостојот за американските лудаци

Пролетта пристигна а американската ендемска болест која остана прикриена за време на ковид пандемијата, крваво се враќа на сцената. После две масовни убиства, Американците се потсетуваат: Да бее, вака изгледаше тоа „нормалното“.

Висок саудиски функционер се однесувал како висок саудиски функционер

Специјалната известувачка на Обединетите нации за случајот со убиството на Џамал Кашоги добила смртна закана од функционер на владата што е истражувана за убиството.

Има нешто 30% во државата Данска

Данска планира да го лимитира бројот на не-западни жители во урбаните центри. Во едно маало не ќе може да има повеќе од 30 посто такви. Властите сметаат дека кога ги има повеќе од тоа, почнува гетоизација, односно почнува процесот тие повеќе да ја менуваат Данска отколку што Данска ги менува нив.

Во Бразил се враќа Лула

Откако во немилост падна судијата кој го осуди и го оневозможи да учествува на последните избори на кои, со така расчистен политички терен, победи актуелниот претседател Болсонаро, на политичката сцена во Бразил се враќа Луис Инасио Лула де Силва, омилениот претседател на работниците и најомразениот лик меѓу домашните и странски богаташи. 

Нешто мирно се случува меѓу Пакистан и Индија

Од делот од планетава кој има нуклеарен капацитет да стави крај на сè на планетава, доаѓа вест која изминативе години престанавме да ја очекуваме да дојде од било каде, а посебно од Пакистан и Индија.

Путин: Кој си вика, за себе си вика

Коментарот на Путин околу ставот на Бајден дека рускиот претседател е убиец, е дека тоа е само одраз на минатите и сегашни проблеми на САД.

Бајден го прогласи Путин за убиец

Во интервју за Еј-би-си, американскиот претседател се согласи дека рускиот претседател е убиец, и дополни дека веќе му има кажано на Путин дека „ќе плати“ за мешањето во американските избори.

Протестите против воената диктатура во Мјанмар стигнаа до 140 убиени

Само за викендот војската застрела 56 демонстранти, и додека Западот „најостро го осудува насилството“, воената хунта прогласи воена состојба во дополнителни делови од Мјанмар.