Бројките ги соопштија од Стејт Департманот, од каде за 2016-та најавија дека ќе примат 5 до 8 илјади бегалци од земјата.
На критиките дека САД се прилично шкрти околу бројот на бегалци што се подготвени да ги вдомат, нивниот контра аргумент е дека тие се "лидери" во однос на финансиско придонесување кон обидите за повторно населување на бегалците, меѓутоа "тука тоа не е мерка на успех." Исто така тие чувствуваат и дека многу помагаат внатре во Сирија во политичката транзиција на земјата, што ќе помогне во побрзото враќање на бегалците дома.
Според јулските податоци на УНХЦР бројот на беглаци од Сирија ја надмина бројката од 4 милиони луѓе, од кои мнозинството не се надеваат дека некогаш ќе се вратат во земјата. До крај на годината се очекува бројката достигне 4,27 милиони луѓе.
Турција има засолнато најголем број од бегалците, или околу 1,7 милиони, додека во Либан имаат пребегано околу 1,1 милион жители на Сирија.