Дури и ако континентите се вратат во својата оригинална позиција (од времето на Пангеа), нам исто ни се фаќа, ниту еден комшија нема да ни се смени и пак нема да имаме море. Ама затоа Србија, Австрија и Унгарија ќе имаат.
По основа на пари како мерка за успех, милијардерите се светски. Некои од пораките и советите за успех што милијардерите во изминатите години ги даваа во своите говори пред дипломците.
Постојано фокусирани на потенцијалните или реалните ситуации во кои жените се жртви на сексизам, изгледа забораваме - сексизмот го погодува и „посилниот" пол.
Марко Армент (marco.org) е првиот вработен на Тамблр, а за скоро време (кога Јаху ќе ги префрли парите) и сериозен милионер. И тој е комплетно потиштен околу тоа што ќе мора да биде богат.
Татковината на Алфа Ромео, Ферари и Ламборџини, последните неколку години изгледа како разгледница од Пекинг од 80-те. Не е дека секаде има Кинези, туку секаде има велосипеди.
Вараети има краток список на режисери кои Сони ги разгледува за следното продолжение на Бонд. Се што е сигурно за сега е дека секој од нив ќе мора да работи со Даниел Крег и дека филмот треба да биде готов за премиера во 2016.
Познат фитнес експерт одговара брутално искрено на ова прашање кое копка милиони жени низ светот: Ако не ви е работа да бидете Џесика Алба, тогаш никако.
Комплетно лудата дебата околу оружјето во САД (никој не бара негова забрана, само ако може помалку да убива) доби нова димензија кога новинари открија дека во земјата секој може легално да купи делови за Калшников и од нив да состави целосно функционален АК-47.
Chip Shop Awards ги собира сите оние реклами, кампањи и предлози кои биле одбиени на првиот, седмиот или дваесеттиот состанок со клиентот и требало да завршат во "рисајкл бин." Организаторот не го интересира ништо освен - идејата.
Животинскиот модел на решавање на конфликтите е едноставен и брутален, силните се повеќе подготвени да се борат за зачувување на својот интерес, додека слабите сметаат дека поголема предност е ако не се наметнуваат себе си. Тоа e кај животните.
За разлика од голем број Шпанци кои чекаат работодавците да им чукнат на врата, Енцо Вискаино смислил креативен начин да ги рекламира своите квалификации. Во метрото во Барселона си ја испеал биографијата. Сега не може глава да крене од понуди за работа.
Насмевката, од куртоазија, е емоцијата која е најлесно да се симулира, за разлика од неа, гневот, стравот, тагата и изненадувањето е далеку потешко да ти бидат на "нарачка".
Кузбассразрезугол (КРУ) не само што е најголемата рударска компанија во Руската Федерација, туку е и најголемиот извозник на јаглен на планетава. За да ја завршат својата работа, ним им требаат најмонструозните машини на Земјата.
Пред да почне да објаснува, авторот Џон Армстронг нагласува дека постои круцијална разлика меѓу грижи за пари и проблеми со пари - проблемите се итни и бараат директна акција... за споредба, грижите многу повеќе зборуваат за човекот кој е загрижен отколку за светот. Он зборува за второто.
На самиот почеток од Втората светска војна сопственичката на станот бега од Париз и се преселува на југот на земјата. Таму умира на 91 година. Во меѓувреме ниту се враќа во Париз, ниту пак некој стапнува во станот. Се до пред некое време.
Женската онлајн банда наоѓа причина за навреда насекаде, но особено кога станува збор за други жени, кои не се од нивниот клуб на злобни девојки, а кој има сопствен прекумерно стилизиран и недофатлив јазик, свои правила и дисциплински мерки.
Ана Џарвис на почетокот од 20-от век ја продолжува 30-годишната работа на својата мајка и успева во 1908-та да го постави Денот на мајката како празник. Неполни 15 години подоцна, Џарвис е против сите што го слават празникот.
7 дена ниту залак храна, само вода, не заради религиозни причини, не заради здравствени причини, туку онака. Најголемо изненадување - да не ти се верува колку слободно време имаш кога не треба да јадеш.