За колку пари Сан Франциско стана Готам

Пред неколку дена дел од Сан Франциско беше претворен во Готам, со цел да се исполни желбата на 5-годишниот Мајлс Скот (кој боледува од леукемија) цел еден ден да биде суперхерој. Откако мина еуфоријата, некој седна да направи математика колку чинеше правењето мерак.

Целиот настан беше крајно профи изведен, со толпа луѓе, видео опрема, Бетмобил (ама Ламборџини), актери, плус полиција и други елементи (видеото го имате долу).

За сето ова од буџетот на Сан Франциско биле платени 105.000 долари.

Меѓутоа треба да се има во предвид дека голем дел од елементите на сценографијата беа донација, плус најголемиот дел од луѓето што работеа не побараа дневница. Фондацијата што го организираше ова успеа бесплатно да го добие превозот за Мајлс и изнајмувањето на Ламборџини Бетмобилот.

 

 

22 ноември 2013 - 15:10