"Виртуелно девојче од 10 години, наречено Свити, е искористено да се откријат 1.000 педофилски предатори кои висат на интернет", гласеше суштината на веста која деновиве ја обиколи планетата.
Мало девојче против опасни гадови, плус итро користење на напредна технологија; веста имаше и релевантност и драматика за да стане општо пренесена. Меѓутоа, во случајов се превидуват два момента:
- вебкам сексуалниот туризам е релативно нов жанр а педофилите одамна се наоколу.
- на таквите не им треба ни аватар од мало девојче за да се напалат.
А извештајот за целиот случај се наведува дека компјутерската Свити била искористена во само 20-тина случаи од масовната акција во која навистина беа откриени 1.000 педофили.
Во мнозиинството случаи, Свити не беше користена. Освен оваа компјутерска анимација на непостоечко девојче, истражувачите немаа потреба да им покажуваа никакви фотографии на напасниците за да ги убедат дека навистина зборуваат со предпубертетски дефвојчиња од Филипини, се наведува во извештајот на холандската група за заштита на детските прва која ја спроведе акцијата.
Со други зборови, ваквите пациенти лесно се убедуваат во она во што сакаат да веруваат и зачудува со каква леснотија биле испофаќани.А бидејќи комуницирале со "некој од Филипиини", верувале дека се безбедни и дека никој не ги контролира.
Целиот овој случај можеби не е толку битен за конкретната борба со педофилите за кои не е неопходна висока и паметно искористена технологија за да бидат фатени, колку за аспектот на приватноста која луѓето мислат дека ја имаат на интернет.