Во прашање е еден моментално несреќен сопственик на ферари вредно 300.000 долари и еден (од сега па натаму) долгорочно несреќен возач на камион.
На 30-ти октомври возачот на камионот за снабдување на компанијата Балдор Фудс, враќајќи се во рикверц буквално прегазил Ферари ФФ. Пред да сопре, тој стигнал некаде до шофершајбната на автомобилот.
Како што објаснува камионџијата тој воопшто не го забележал ферарито паркирано зад него. Оправданието држи вода ако се има во предвид дека овој модел е висок 137 сантиметри.
Во несреќата нема жртви. Ферарито не го возел сопственикот туку платен возач.