Како се заработува од украдени уметнички дела

Годишно профитот од продажба на крадени ремек дела е помал само од профитот што се прави од продажба на дрога. И оваа процена не е според "продажната цена" на уметничките дела објавена во медиумите.

Едно од решенијата да го наплатиш украденото уметничко дело е да бидеш однапред ангажиран од приватен колекционер за конкретен предмет. Колекционерот не ја плаќа полната цена, ама затоа за крадецот нема ризик во продавањето на украдената стока.

Втора група на заинтересирани клиенти за украдени уметнички дела се музејот / галеријата од каде што тоа е украдено, и осигурителната компанија која треба да го покрие трошокот за украденото. Според Њујорк тајмс, овие клиенти обично плаќаат од 7 до 10 проценти од вредноста на пленот, за да им биде вратен.

Алтернативна стратегија е крадење на скапи уметнички дела кои не се многу познати. Ова подразбира дела во границата од околу 100.000 долари. Иако цената е далеку пониска, оваа кражба добива далеку помал публицитет што значи дека предметот може полесно да биде пуштен на легалниот пазар и таму да ја заработи пазарната цена.

Клучното во овој бизнис е што крадците никогаш не успеваат да ја постигнат цената што е наведена во медиумите. И покрај ова, само 5 до 15 проценти од украдените уметнички дела се откриени.

22 ноември 2013 - 10:46