Крајниот просек, за компаниите од Северна Америка е 1,39 литри вода, за флаширање на 1 литар вода.
Ова е далеку под глобалниот просек на останатите течности. За истата количина на газирани пијалаци потребни се 2,02 литри вода, за пиво потребни се 4 литри, за литaр вино требаат 4,74 литри. Кај жестокиот алкохол, просекот е 34,55 литри.
Задоволни со истражувањето од Асоцијацијата порачуваат дека тоа е доказ за ефикасноста на нивното производство. Незадоволни од општата ситуација, активистите за заштита на природата тврдат дека извештајот "само го нагласува проблемот што го има индустријата за пијалаци."
Тие на сметка на водата го додаваат и загадувањето од производството на пластичните шишиња, чија основна суровина се добива од нафта. Самото вадење на нафта бара сериозна количина вода, која Асоцијацијата ја нема ставено во својата пресметка. Истото важи и за хартијата потребна за производство на етикети.