Во извадоците од книгата објавени од Њујорк Пост, се објаснува дека за време на Олимпијадата во Пекинг тогаш 22-годишниот Болт не сакал ни да помисли да проба кинеска кујна, и сите оброци ги заменил со МекНагетс.
"'Прво јадев кутија со 20 парчиња за ручек, потоа уште една за вечера. Следниот ден имав две кутии за појадок, една за ручек и потоа уште неколку за вечера. Дури земав и помфрит и пита со јаболка за со тоа,' пишува Болт.
Тој проценува дека во 10-те дена што ги минал во Пекинг, има јадено по 100 нагетси на секои 24-часа. Ова е еднакво на 1.000 парчиња пилешко. 'Требаше да добијам златен медал за сето тоа што го бутнав во мене,' пишува Болт."
На оваа Олимпијада Болт освои 3 златни медали. Инаку секое парче МекНагетс има 47,5 калории, 4,5 грама протеин, 3 грама масти и 90 милиграма натриум.