Авионите ќе собираат се помали газови

Седиштата во кино (американско) се широки 63 сантиметри, во прва класа на Боинг 777 ширината им е 53 см, а обично столче во канцеларија е 46 см, во новите модели на Дримлајнер 787 и Ербас А330 авиокомпаниите нарачаа седишта од 42 сантиметри за интерконтиненталните летови, кои траат од 6 до 14 часови.

Сите авиокомпании кои ги купија овие два модела на авиони, ја нарачаа верзијата со 10 седишта во ред, наместо со 9. Значи и помали потпирачите за раце и стеснување на патеките за минување, се со цел да добијат поголем капацитет на летовите.

Во замена за стискањето, патниците на долгите летови ќе добијат ергономски подобри дизајнирани седишта, подобар потпирач за глава, поголеми оброци, повеќе закуски и поголеми монитори.

Компаниите кои не купуваат од новите модели, имаат "тетрис" решение за зголемување на капацитетот на кабините. Тие го намалуваат бројот на редови во поевтините класи, и истите ги додаваат на повисоките класи. Во исто време бројот на патници во ниските класи го задржуваат ист со тоа што додаваат екстра седишта на преостанатите редови.

Во своја одбрана производителите на авиони објаснуваат дека тие ги прават кабините како што ќе им бидат нарачани од авио-компаниите.

28 октомври 2013 - 14:27